Врз основа на член 6 од Правилникот за условите и критериумите за доделување награди за најдобри воспитувачи и негователи од јавните детски градинки од Општина Кисела Вода бр. 09 – 2588/7 од 28.03.2019 година, и Програма од надлежност В – предучилишно воспитување Програма В1 – предучилишно воспитување за 2019 година, Општина Кисела Вода објавува
О Г Л А С
За доделување награди за најдобри воспитувачи и негуватели од
јавните детски градинки од Општина Кисела Вода
1. Право на учество на огласот имаат воспитувачи и негуватели кои се вработени во јавните детски градинки од Општина Кисела Вода по услови и критериуми утврдени воПравилникот за условите и критериумите за доделување награди за најдобри воспитувачи и негователи од Општина Кисела Вода бр. 09 – 2588/7 од 28.03.2019 година.
I. УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ ЗА НАЈДОБРИ ВОСПИТУВАЧИ И НЕГОВАТЕЛИ ОД ЈАВНИТЕ ДЕТСКИ ГРАДИНКИ ОД ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
– Кандидатите треба да ги исполнат следните општи услови и критериуми
– Кандидатите треба да ги исполнат следните посебни услови и критериуми
1. Да е вработен во воспитно – образовна установа на територија на Општина Кисела Вода.
2. Да има минимум 2 години работно искуство (воспитувач, негувател), независно од статусот на ангажираност (неопределено, определено и привремено ангажирани).
3. Сертификати за учество во реализација на проекти и семинари кои се од значење за воспитно – образовниот и згрижувачки процес, согласно наставните планови и програми за предучилишно воспитување, добиени во последните 2 години од акредитирани установи и институции – (алтернативно).
4. Мислење од Стручниот совет на Градинката во која работат.
5. Изјави од родители чии деца се директно вклучени во воспитно – образовниот и згрижувачки процес од страна на кандидатите (алтернативно).
6.Да нема добиено награда за најдобар воспитувач/негувател во последните 3 години.
- НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Воспитувачот/негователот треба да достави БАРАЊЕ кон кое ги доставува потребните документи наведени во условите и критериумите во Огласот за доделување награди на најдобри воспитувачи и негователи од јавните детски градинки од Општина Кисела Вода.
Воедно треба да достави и ИЗЈАВА за обработка на личните податоци потпишана од воспитувачот/негователот.
Рокот за пријавување започнува од 27.05.2019 година и трае 5 дена од денот на објавувањето на огласот.
Барањата и изјавите со потребната документација да се доставуваат по пошта на адреса Општина Кисела Вода ул. “Петар Дeљан” бр.17, или во архивата на општината со назнака – “За избор на најдобар воспитувач и негуватели” – Комисија за доделување на награди за најдобри воспитувачи и негуватели од јавните детски градинки на Општина Кисела Вода.
Барањето и изјавата се достапни на веб страната на општина Кисела Вода на следниот линк: