Науката е јасна. Климатските промени се најсериозна закана за нашиот природен свет.
За да се спречи неповратното оштетување на земјиштето и водите сите ние мора да преземеме итни мерки.
Сите ние веќе ги гледаме ефектите од промените на климата.
Последните три години беа најжешките кои се евидентирани и проблемот само ќе се интезивира.
Како расте бројот на глобалното населениер така се зголемува побарувачката за храна, вода и енергија низ целиот свет.
Што ќе се случи доколку не дејствуваме веднаш?
Глобалната температура се предвидува да се зголеми за 3,2 C, зголеменото загадување на воздухот ќе влијае на 4,9 милијарди луѓе, а 2,75 милијарди луѓе ќе бидат подложни на недостиг на вода.
– Како може да помогнеме?
Со намалување на количината на јаглерод диоксид, во нашата атмосфера.
Ова може да биде доволно за да се задржи глобалната температура од зголемување.
Постои надеж но истражувањата ни покажуваат дека имаме ограничен прозор на можности за да ги спречиме сериозните проекции да станат реалност.Имаме само 10 години да го променме курсот за да го спречиме катастрофалното оштетување на нашиот свет.
Ова е проблем што можеме да го решиме. Науката ни покажа дека природата има моќ да се излекува, така да 600 научници од Институтот за заштита на природата се зафатени со реализација на иновативни решенија.
Се работи на терен во сите 50 држави и 72 земји ширум светот за да се помогне во борбата против зголемувањето на глобалните температури, со заштита и обновување на екосистемите.
Наречени се природни климатски решенијаа – докажани начини за складирање и намалување на емисиите на јаглерод во светските шуми, пасишта и мочуришта.
Еден лесен начин за да се зароби јаглеродот е садење на повеќе дрва.
Таков пример има на Индонезискиот Остров Борнео каде Институтот за заштита на природата заедно со своите партнери работат околу решението за уништувањето на шумите во областа Берау.
Овој напор има потенцијал да го намали загадувањето на јаглерод од 1.5 милиони тони годишно – еквивалентно на отстранување на 300.000 автомобили од патиштата.
Овие истражувања покажуваат дека ваквите природни климатски решенија ќе помогнат да се направат огромни чекори за намалување на концентрациите на јаглерод диоксид во атмосферата.
За повеќе од 65 години Институтот за заштита на природата ги турка границите на конзервација за да ги реши најголемите предизвици на нашата планета.
Нашите дејства што почнуваат токму овде можат да направат значително влијание врз иднината на нашиот природен свет.
Покрај заштитата на Земјиштето и Водата Институтот е во потрага по наука за решевање на најосновните предизвици денес.