Со свежо цвеќе положено на бистата на Александар Сергеевич Пушкин, Општина Кисела Вода ја одбележа 224 година од раѓањето на овој великан на руската и на светската поезија од 19 век.
Делегацијата од општината, предвдена од заменик градоначалникот Иван Митровски, се поклони пред споменикот на Пушкин во знак на неговото големо дело, за кое се вели дека е почеток на сите почетоци.
Почит кон основоположникот на рускиот литературен јазик и на модерната руска литература, оддаде и делегација од Амбасадата на Руската федерација, предводена од Амбасадорот Сергеј Баздникин, како и претставници од здруженијата на руската дијаспора во Македонија.