Ве известуваме дека четириесет и првата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 16 јуни 2016 година (четврток) со почеток во 11:00 часот.

-Усвојување на Записникот од 40-та пленарна седница на советот:
1. Предлог – Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Кисела Вода во 2016 година со:
– Акционен план за спроведување на активностите од Програмата за спроведување на општи мерки за заштита од заразни болести на територијата на Општина Кисела Вода за 2016 година;
2. Советнички прашања
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.

