Врз основа на член 36 став 1 точка 2 од Законот за локална самоуправа (”Службен весник на РМ“ број 5/2002), член 28 став 1 од Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа (”Службен весник на РМ“ број 5/2002) член 34 од Статутот на општина Кисела Вода (“Службен гласник на град Скопје” бр. 08/05 и “Службен гласник на општина Кисела Вода бр.13/06), Советот на општина Кисела Вода на Осумдесет и шеста пленарна седница одржана на 30 декември 2008 година, донесе
БУЏЕТ
НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
ЗА 2009 ГОДИНА
И ОПШТ ДЕЛ
Член 1
Буџетот на општина Кисела Вода за 2009 се состои од:
Буџет за 2009 г.
Вкупни приходи 603.679.221 денари
и тоа:
– тековно-оперативни
приходи 229.086.200 денари
– трансфери 62.566.800 денари
– дотации 234.033.221 денари
-самофинансирачки 77.993.000 денари
Вкупни расходи 603.679.221 денари
и тоа:
– утврдени намени 602.179.221 денари
– резерви 1.500.000 денари
Член 2
Приходите по извори и видови на приходи и расходите по основни намени и програми се утврдени во консолидираниот биланс на приходите и расходите, билансот на тековно-оперативни расходи, билансот на капитални расходи и планот на програмите за развој на општина Кисела Вода за 2009 година и тоа како што следува:
член 3
Буџетот на општина Кисела Вода за 2009 година влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен гласник на Општина Кисела Вода”, а ќе се применува од 1 Јануари 2009 година.
Број 07-15691/4 ПРЕТСЕДАТЕЛ
30 декември 2008 на Советот на општина Кисела Вода
С к о п ј е Зоран Антовски