Врз основа на член 36 став 1 точка 2 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” број 5/2002), член 28 став 1 од Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа (“Службен весник на РМ” број 5/2002) член 34 од Статутот на општина Кисела Вода (“Службен гласник на град Скопје” бр. 08/05), Советот на општина Кисела Вода на четириесет и втората седница одржана на 27 декември 2006 година, донесе
БУЏЕТ
НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
ЗА 2007 ГОДИНА
И ОПШТ ДЕЛ
Член 1
Буџетот на општина Кисела Вода за 2007 се состои од:
Буџет за 2007 г.
Вкупни приходи 297.871.941 денари
и тоа:
– тековно-оперативни
приходи 171.450.612 денари
– трансфери 37.949.388 денари
– донации 1.750.000 денари
– наменски дотации 29.187.141 денари
-самофинансирачки 57.534.800 денари
Вкупни расходи 297.871.941 денари
и тоа:
– утврдени намени 295.971.941 денари
– резерви 1.900.000 денари
Член 2
Приходите по извори и видови на приходи и расходите по основни намени и програми се утврдени во консолидираниот биланс на приходите и расходите, билансот на тековно-оперативни расходи и билансот на капитални расходи на општина Кисела Вода за 2007 година и тоа како што следува:
член 3
Буџетот на општина Кисела Вода за 2007 година влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен гласник на Град Скопје” , а ќе се применува од 1 Јануари 2007 година.
Број 07-8315/5 ПРЕТСЕДАТЕЛ
27 декември 2006 на Советот на општина Кисела Вода
С к о п ј е Никола Груев с.р