Учениците од ООУ “Рајко Жинзифов” денес беа во посета на Општина Кисела Вода. Со градоначалникот Филип Темелковски, разговараа за прашања од областа на функционирањето на локалната самоуправа. Се интересираа и добија одговори за поставеноста на секторите во општината и начинот на функционирање на општинската администрација како и за начинот на носење на одлуки кои имаат за цел да им го подобрат животот на жителите на општината. Учениците го изразија задоволството што на овој начин имаа можност да добијат практични знааења од она што како теорија го учат во наставниот процес, а градоначалникот Темелковски им посака понатамошен успех во учењето.