Со цел да му се излезе во пресрет на населението во полавениот дел на Србија кое претрпе огромни штети, општина Кисела Вода утре,недела, 18. 05.2014, организира голема хуманитарна акција и ги повикува сите свои жители да и се приклучат.

Од 10 до 18 часот, во просториите на Големата сала на општина Кисела Вода сите хумани граѓани во рамки на своите можности можат да донираат облека, флаширана вода, хигиенски средства и со тоа да им обезбедат помош на жителите на Србија на кои во моментов им е неопходна. Помошта може да се достави и до сите месни заедници на територија на општина Кисела Вода, во истиот термин, недела 18.05. 2014, од 10 до 18 часот.

