Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи осумнаесеттата пленарна седница на 31.01.2023 година (вторник) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
1. Предлог – Одлука за внатрешна организација, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Кисела Вода;
2. Предлог – Одлука за исправка на техничка грешка ГП 2.25 од Детален урбанистички план за Блок Ј20.07, Четврт Ј 20, Реон Ј Општина Кисела Вода со Одлука бр. 09-2838/18 од 11.04.2017 година Службен Гласник на Општина Кисела Вода бр 4/2017;
3. Предлог – Одлука за исправка на техничка грешка ГП 10.4 од Детален урбанистички план за Блок Ј20.07, Четврт Ј 20, Реон Ј Општина Кисела Вода со Одлука бр. 09-2838/18 од 11.04.2017 година Службен Гласник на Општина Кисела Вода бр 4/2017;
4. Предлог – Одлука за давање на трајно користење без надоместок на опрема – 17 комплети смарт табли на општинските основни училишта на Општина Кисела Вода;
5. Предлог – Правилник за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на уметници, културни работници и здруженија на граѓани кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во Општина Кисела Вода;
6. Предлог – Одлука за давање на користење, одржување и управување на објектот „ Симба“ на Јавната детска градинка „Весели цветови“ на општина Кисела Вода во Град Скопје во населба „Усје“, општина Кисела Вода, Скопје
7. Предлог – Одлука за отпочнување со работа и вршење на дејноста на новиот објект „ Симба ” на локација на ул. „ 5 “ бб во населба Усје кој ќе функционира во состав на Јавната детска градинка “Весели Цветови” на општина Кисела Вода во град Скопје
8.Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.