На првата конститутивна седница во овој состав на Советот на Општина Кисела Вода, одржана на 03.11.2021 година, за претседател на Советот е избран Иван Живковски, кој доаѓа од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Иван Живковски е роден на 22 јануари 1987 година, во Скопје.
Средно училиште завршил во ДСЕПУ „Васил Антевски – Дрен“ .
Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во 2008 година.
Магистрирал во 2012 година на тема „Правниот статус на Агенцијата за катастар на недвижности како државен орган“.
Во 2014 година положил правосуден испит а во 2015 година основал сопствена Адвокатска канцеларија.
Активно говори Англиски и Грчки јазик.