Search
Close this search box.

Организациона поставеност на секторите

Организациона поставеност на секторите 

За извршување на работите од надлежност на органите на општината се организира општинска администрација. Општинската администрација се организира во сектори и одделенија. Општината може да организира општински инспекторат заради вршење на инспекциски надзор над вршење на работите од нејзина надлежност. Организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација ги утврдува Советот врз основа на предлог на Градоначалникот.

Општинската администрација се организира во следните сектори и одделенија:

1.Сектор за поддршка на градоначалникот и советот на Општината

– Одделение за координација на активностите на градоначалникот

– Одделение за поддршка на советот

2. Сектор за управување со човечки ресурси и информатичка технологија

– Одделение за управување со човечки ресурси и обуки

– Одделение за информатичка технологија

3. Сектор за финансиски прашања

– Одделение за буџетска координација и буџетска контрола

– Одделение за сметководство и плаќања

– Одделение за даноци, такси, надоместоци и за други приходи на Општината

4. Сектор за јавни набавки и општи работи

– Одделение за планирање и спроведување на планот за јавни набаки

– Одделение за општи работи

5. Сектор за нормативно правни работи

– Одделение за правни работи

– Одделение за управување со градежно земјиште и јавно наддавање

6. Сектор за урбанизам и просторно планирање

– Одделение за планирање на просторот

– Одделение за изводи и одобренија за градење

-Одделение за регулирање на бесправно изградени објекти

7. Сектор за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна срединна

– Одделение за комунални работи, инфраструктура и сообраќај

– Одделение за заштита на животна средина

8. Сектор за инспекциски работи

– Одделение за постапување по инспекциски работи

– Одделение за вршење на контрола на други работи од надлежност на Општината

9. Сектор за образование, предучилишно воспитување, спорт и култура

– Одделение за образование

– Одделение за предучилишно воспитување

– Одделение за спорт

– Одделение за култура

10. Сектор за локален економски развој

– Одделение за планирање и поддршка на ЛЕР и унапредување на енергетска ефикасност

– Одделение за архивски работи

11. Сектор за месна самоуправа и социјална грижа

– Одделение за месна самоуправа, невладини организации и социјална грижа

– Одделение за урбани заедници

12. Сектор за внатрешна ревизија

– Одделение за усогласеност (регуларност) и системите за внатрешна контрола

– Одделение за вршење на ревизија на успешност и финансиска ревизија

 

Споделете:

Scroll to Top