Со цел размена на искуства во различни домени на работење, општина Кисела Вода воспостави меѓународна соработка со општина Благоевград во Република Бугарија и со општините Љубљана и Ново Место во Република Словенија.
Во меѓународните активности на општина Кисела Вода се вклучуваат и збратимувањата со општините Кадиќој во Истамбул, Република Турција, Овчи Купел во Република Бугарија и Маркам во Канада.