Управувањето со територијата на Општина Кисела Вода е организирано преку 15 месни заедници од кои 10 се урбани а 5 се рурални заедници. Ваквиот начин на организирање на локално ниво во Општината овозможува демократско и поефикасно исполнување на граѓанските интереси.
Во согласност со Статутот на Општината највисок орган на месните заедници е Советот избран од граѓаните. Тој е составен од 7 до 11 членови со мандат во времетраење од 4 години. За претседател се избира член од редовите на Советот на месната заедница.
Преку Советот граѓаните можат да даваат иницијативи и предлози кои се од јавен или локален интерес, до надлежните органи во општината.
Според Статутот граѓаните преку месната самоуправа се грижат за:
– решавање на прашања од комунална инфраструктура за соодветното подрачје;
– изградба и одржување на објекти од јавен интерес (водоводи, улици, културни домови, спортски објекти и др.);
– заштита на животната средина и природата;
– уредување и одржување на гробиштата во селските населби;
– покренување иницијатива за уредување на просторот;
– организирање културни, спортски, забавни и други манифестации и
– други работи од непосредно секојдневно значење за животот и рабо-
тата на граѓаните.
У.З. “Расадник” Адреса: Христо Татарчев 47 з локал.2 Претседател: Зоран Дуковски Референт: Даниела Савеска тел: 078 849-629
|
У.З. “11 Октомври-бараки” Адреса: Ул. Петар Драпшин б.б. Претседател: Ристо Поп Трајков Референт: Роза Филиповска тел. 071/391-244
|
У.З. “11 Октомври-ЗГРАДИ” Адреса: Ѓорѓи Сугаре 14 Претседател: Тони Петрушев Референт: Елизабета Тасевска тел. 071/391-176
|
У.З. “Црниче” Адреса: Наум Охридски б.б. Претседател: Трипун Димчевски Референт: Валентина Инчевска тел. 070/292-984
|
У.З. “Пржино” Адреса: Милан Михајловиќ б.б. Претседател: Кристијан Трпевски Референт: Маја Младеновиќ тел.075/380-979
|
У.З. “Бирарија” Адреса: ул.Томе Арсовски бр.49 Претседател: Илија Ѓелиќ Референт: Наташа Анастасовска 071/391-230
|
У.З. “Цветан Димов” Адреса: ул.Томе Арсовски бр.49 Претседател- Ѓоко Димишковски Референт- Ванчо Трајковски тел. 072/313-319
|
У.З. “Кисела Вода” Адреса: Сава Ковачевиќ б.б. Претседател: Перица Трајковски Референт: Марија Захова тел. 071/391-177
|
У.З. “Усје” Ул 5 бб Претседател: Трпе Стевковски Референт: Гоце Димитриевски тел. 071/391-204
|
У.З. “Пинтија”
|
М.З. “Село Драчево” Адреса: Иван ХаџиНиколов б.б. Претседател: Дејан Николовски
|
У.З “Бобан Трпков” н.Драчево Адреса: Иван ХаџиНиколов б.б Претседател: Слободан Анастасовски Референт: Васка Славова тел.075/380-976
|
М.З. “Припор” Претседател: Стојан Здравески Референт-Лила Здравеска тел. 071/262-883
|
М.З. “Подстаница” Претседател: Саше Илијевски Референт: Ѓорѓи Ацковски тел: 070/987-409
|
М.З. “Стаклара Каменик” Претседател: Тони Димовски тел : Мирјана Блажевска тел: 075/380-948
|
|