Крводарителска акција се одржува денес во Општина Кисела Вода.

Градоначалникот, претседателот на Советот, вработени во општинската администрација, претставници од сите месни и урбани заедници од Oпштината, хумани граѓани, донираа крв и помогнаа да се спаси нечиј живот.



Оваа акција која е во организација на Oпштина Кисела Вода и Општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода, во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје, се одвива неколку пати годишно.



Сите заинтересирани хумани граѓани кои ќе изразат желба да даруваат крв тоа можат да го сторат до 15 часот во големата сала на Oпштина Кисела Вода.

