Делегација од Општина Кисела Вода во состав од заменик градоначалникот Иван Митровски, секретарот на Општината Мирко Ивановски и советничката од Советот Светлана Колариќ, денес се поклони пред вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.
Со свежо цвеќе, во чест на 151-годишнината од неговото раѓање, ја искажаа својата почит кон овој голем македонски револуционер и идеолог, чие дело и визија е аманет и гордост на секој Македонец.